Рекордни 184 земји се приклучија на „Часот на планетата Земја“

0
259

Акцијата се спроведува по 11 пат, а започна во 2007 година во Австралија.

Глобалната акција „Часот на планетата Земја“ оваа година стана најмасовна во историјата на прокетот, соопшти Светскиот фонд за природата.

– „Часот на планетата Земја“ стана најмасовен во историјата. Кон инцијативата се приклучија 184 земји, наведе Фондот.

Акцијата се спроведува по 11 пат, а започна во 2007 година во Австралија.

Оттогаш, секоја последна сабота од март меѓу 20.30 и 21.30 часот учесниците го исклучуваат осветлувањето и електричните апарати.

Оваа година Фондот повика луѓето да преземат поголема одговорност кон природата.