Ректоратот заклучи посебна комисија да заклучи за случувањата за студентските избори

0
173

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од 8 часот на вонредна седница расправаше за контроверзиите при изборот на нов студентски лидер. Од присутните беа осудени случувањата во четвртокот, беа дадени различни аргументи од различни страни, беа презентирани и материјали од немилите настани за изборниот ден… На крајот, управата одлучи посебна комисија да ги разгледа и доиспита сите работи кои би биле во полза во комплетно расчистување на настаните.

Идејата за формирањето на ваква комисија дојде од Вујица Живковиќ, декан на Факултот за физичка култура. Таа беше прифатена од ректорот во заминување, Велимир Стојковски, но не и од дел од професорите и Студентскиот пленум, чии претставници исто така учествувааа на дискусијата на вонредната седница.

Од Студентскиот пленум рекоа дека не е време сега за т.н. Анкетна комисија, која ја окарактеризираа како смешна и несериозна. Потенцираа дека не е време за компромисни решенија, туку сметаат дека е алармантна ситуацијата, и е потребен итен конкретен став од УКИМ, со цел да даде порака дека е решен да се справи со скандалозните студентски избори од 30 јуни.

Нагласија дека веќе предадоа 2.000 страни документација, детален приказ од Централен регистар за нелегитимните претставници на студентски парламенти при УКИМ, па бараат веднаш тие да се исклучат од Сенатот и од наставно-научните совети. Потсетија дека дека веќе договорено формирање на Комисија со претставници на Студенти пленум, Студентски парламент и сенатори, кои до 15 септември треба да работи на измените на Статутот за студентското дејствување.

Ја осудија и акцијата на ЕБР кога вечерта на 30 јуни беа насилно влечени и тргани студенти од СПУКМ, а притоа нагласија дека од МВР изоставува нивната пријава за кражба на избирачки кутии и насилството врз Студентски пленум и поддржувачите.

www.mkd.mk