Реквизити за голф на седницата за буџетот

0
756

Битолските советници денес ја почнаа седницата со дискусијата за општинскиот буџет за 2016 година. Советниците од власта посочија дека буџетот за 2016 година е реален и со нагласена развојна компонента. Советникот од ЛДП, Касапов со реквизити за голф зборуваше за она што досега не го реализирале.

-Ова се реквизити за играње голф. Еден граѓанин кој ви веруваше си купил реквизити и чекаше голф терени, но нив ги нема и ме замоли да ги извадам на говорница, да ве потсети што ветувавте, рече Александар Касапов, советник од ЛДП.kasapov

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Карапашовска реплицираше.

-Ништо не е лажно, податоците со кои излегов на говорница се од Агенцијата за вработување во Битола. Нема ова, нема она, па и вие не знаете да играте голф, зашто ви се терени, праша Соња Карапашовска, советник од ВМРО ДПМНЕ.sonja

-Ветувањата за голф не ги даде опозицијата, ги дадовте вие, рече Касапов.

Од власта потсетија на минатогодишната седница кога се носеше буџетот за 2015 година.

-Една од темите беше развој на туризмот, имавте апатични коментари дека средствата се мали. За 2016 година средствата се четири пати поголеми, и за ова сигурно нема да имате позитивни коментари, рече Виолета Ковачевиќ, советник од ВМРО ДПМНЕ.vioelta

Буџетот на Општина Битола за 2016 година е проектиран на 1 милјарда 618 милиони денари.budzet