Реми без голови на Пелистер против албанскиот шампион

0
260

Во одличен интернационален натпревар во Корча, Пелистер одигра 0-0 против првакот на Албанија, Скендербег во интензивен натпревар игран по дождливо време.

Пелистер настапи со следниот состав: Петровски, Тошевски, Ковачев, Бојовиќ, Миленковски, Маркоски, Илиев, Љамчевски, Марковски, Фернандо, Бујчевски, Денковски.

Уште играа: Пашовски, Степановски, Попзлатанов, Коњарски, Мирчевски, Мишевски.

Пелистер играа и повеќе од рамноправно по натопениот терен во првата половина на полувремето и преку Илиев ја имаа најзрелата шанса. Сепак во моментот на удар беше изблокиран и шансата пропадна. Првакот на Албанија упати само еден директен удар кон голот на Петровски во првиот дел и тој од голема далечина и без опасност за отворање на резултатот.

Вториот дел започна со зрела шанса за Скендербег, но ударот на Газвај го одбрани Пашовски. Две минути подоцна истиот фудбалер биеше над голот по убавата инвидуална акција по левата страна. Бразилецот Сержо Жуниор со левата нога одлично биеше во 68. минута, но метар-два крај дирекот. Во последната минута Попзлатанов имаше контранапад за победа, но ударот беше млак и заврши во рацето на домашниот голман. Ако во првиот дел Пелистер остави подобар впечаток, во продолжението Скендербег играше поактивно, но мрежите мируваа за финални 0-0.

Во последните 20 минути шанса доби и новајлијата Денковски, кој од пред неколку дена им се приклучи на пелистерци.