Реми на македонските надежи во Ле Ман

0
435

Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година,одигра 1:1 во Ле Ман против Франција, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Головите на пресметката во Ле Ман беа постигнати во првото полувреме, Ангелов по 15 минути игра и донесе водство на Македонија, а конечниот резултат го постави Бејтулаи со авто гол во 27 минута.

Македонија со освоениот бод кај фаворитот го задржа третото место на табелата во Групата 3. Франција е лидер во групата со 14 бодови од седум одиграни натпревари, следуваат Исланд со 12 и Македонија со девет, кои имаат меч помалку од лидерот.

Зад Франција, Исланд и Македонија следуваат селекциите на Шкотска, Украина и Северна Ирска.

Без коментари

LEAVE A REPLY