Реми на Пелистер и Работнички под „Тумбе кафе“

0
415

Пелистер и Работнички одиграа без победник, 1-1, Вардар убедливо стигна до првата победа сезонава а прва историска своја прволигашка победа запиша и Академија Пандев која со 2-0 славеше против Скопје во Струмица.

Тоа се резултатите од трите денешни натпревари од Првата домашна лига, генерално очекувано без многу изненадувања.

Дербито под „Тумбе кафе“ мина во допадлив фудбал пред се во второто полувреме кога се случија главните возбудувања. Најпрво репрезентативецот Кире Маркоски во 50. минута донесе водство за Работнички. но потоа домашните главно ја презедоа комплетната контрола на играта и во 66. минута следеше убавиот погодок за израмнување на Благојче Љамчевски.