Реми на Пелистер во Велес против незгодниот Тетекс

0
770

Почетокот на фудбалската пролет донесе многу „искри“, емоции и голови, а имаше и по некое изненадување во рамките на 14 коло. Во Велес на теренот со вештачка трева, Тетекс и Пелистер одиграа 1:1 (0:0). Гостите од Битола поведоа со голот на Мартин Мирчевски во 46 минута, а седум минути подоцна Бенџамин Демир израмни на 1:1. Мечот се играше без присуство на гледачи. Еуромилк и Кожув Миравци играа 1:1 во Горно Лисиче, а головите ги постигнаа Аломеровиќ за домаќините и Зумревски за гостите. Љубанци пред своите гледачи полго губеше од Влазерими со 0-1 со голот на Шабан Сулиман во 26 минута. Тони Брњарчевски израмни за реми во 80. минута. Засилениот Гостивар го однесе целиот плен од Прилеп, каде триумфираше против Победа со 1:2 со головите на Велковски и Вељаноски. Денис Димитриоски го постигна единствениот гол за прилепчани. На врвот нема промени и Љубанци е лидер пред Македонија Ѓ.П., а слeдат Тетекс и Пелистер.