Реми на Швајцарците и Романците во Париз

0
344

Во натпреварот од второто коло во Групата А на европскиот фудбалски шампионат, во Париз и покрај подобрата игра Швајцарија не успеа да ја совлада Романија (1-1). Голот за Романците го постигна Богдан Станку во 18 минута од пенал, а за Швајцарците изедначи Адмир Мемеди во 57 минута.

Од почетокот на мечот Швајцарците го наметнаа ритамот и играта ја префрлија на половината на противникот, и веќе во 6 минута Сеферовиќ имаше шанса но од 12 метри пласираше крај голот. Истиот играч по десет минути имаше повторно е во шанса, но одбрани Татарусану. Швајцарија е прва со 4 бодови, додека Франција има 3, Романи 1 а Албанија е без бодови.

Но во вториот меч во терминот од 21 час играат Франција и Албанија.