Реми во Белорусија, кој не не мрда од дното на групата во најлошите квалификации

0
415

И покрај нерешениот резултат од 0:0 во последното коло на гостувањето кај Белорусија, македонската фудбалска репрезентација го оствари најслабиот пласман во квалификации за големо натпреварување освојувајќи го последното шесто место во Групата Ц за Европското првенство во Франција во 2016 година, од којашто очекувано директно се квалификуваа Шпанија и Словачка, додека Украина ќе оди во доигрувањето. Македонија одигра без голови иако во второто полувреме беше подобар противник и пропушти три солидни шанси, со еден удар во стативата, против комбинираниот состав на Белорусија да го поправи од малку катастрофалниот впечаток од овој квалификациски циклус, зачинет и со поразот од аутсајдерот Луксембург. Така ги заврши квалификациите со само 4 бодови, колку што има и Луксембург и со само шест постигнати голови на десетте натпревари. Шпанија квалификациите го освои првото место во Групата Ц со 27 бодови, Словачка освои 22 бодови, Украина има 19, Белорусија 11, а Луксембург и Македонија по 4 бодови.