Реми во „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер

0
433

Вардар и Пелистер одиграа 1-1 во „вечното дерби“ на македонскиот фудбал, кое овојпат се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Грнчаров и Боарето се заканија кон голот на Пелистер, потоа Тошевски ги загреа дланките на Филип Гачевски и Пелистер по половина час воспостави рамнотежа. По првиот дел немаше голови во Маџари, но Којашевиќ на самиот старт од второто полувреме со прекрасен шут од 30 метри ја затресе мрежата на Горан Пашовски во 49. минута од натпреварот.

Во 66.минута, Лукас Кардосо избегна офсајд замка, излезе пред Гачевски и прецизно пласираше во спротивниот агол, за 1-1. Пелистер имаше можност во самата завршница и за триумф. Боби Божиновски шутираше од 18 метри, а Гачевски во последен момент спаси и исфрли во корнер.

В недела битолчани играат пред своите гледачи против тимот на Шкендија.

ФОТО: Македонски спорт