Реномираниот пијанист Роберт Андрес настапи во Битола

0
286

Пијанистот Роберт Андрес одржа концерт во Битола во рамките на годинешниот Интерфест.

Настапува со самостојни рецитали, како солист со оркестар и како камерен музичар во многу европски земји како и во САД., Венецуела, Макао. Во пијано дуо настапува со својата сопруга ирската пијанистка Онор О Хеа, со која во 2015 ги одбележаа двете децении од успешна активност со изведбата на Бруховиот концерт за две пијана и оркестар.

Од 1997 е уметнички директор на асоцијацијата пријатели на Конзерваториумот, приватна добротворна органзиација .

Пред битолската публика ги изведе делата на Моцарт, Дебиси, Лист и Бузони.