Реномираните пијанисти Скиаво и Маркеџиани за затварањето на Интерфест

0
200

„Пијанисти со завидна тонска култура“, „пијанисти кои нудат концертни на брилијантна изведба на Шубертовите дела“, „пијанисти кои презентираат перфектни музички ноќи“, се само дел од музичката критика за дуото Марко Скиаво и Серџо Маркеџиани, кои изведоа концерт во рамките на Интерфест.

Двајцата уметници секој посебно, имаат блескави солистички кариери, но и како дуо досега ја освоиле публиката на најспрестижните музички центри меѓу кои- Карнеги хол во Њујорк, Концертхаус и Музикферајн во Виена, Берлинската филхармонија, Бетовеновата куќа во Бон, Дворжак хол во Прага и многу други.

Пред битолската публика изведоа композиции на Шуберт и Брамс.

Делуваат и како педагози, предаваат на конзерваториумите Адриа и Потенца.

Секој од нив снимил повеќе солистички компакт дискови а во 2014 како дуо, го издаваат заедничкото цд со музика на Франц Шуберт, кое е оценето од музичката критика со блескави рецензии.