Ренци останува премиер додека не се изгласа буџетот

0
342

Италијанскиот претседател Серџо Матарела вечерва побарал од премиерот Матео Ренци да ја одложи оставката додека Парламентот не го одобри буџетот за 2017 година, што би можело да се случи уште во петок, јавуваат агенциите.

Ренци кој вечерва се сретна со Матарела му рекол дека повеќе не може да остане на власт, но дека претседателот го замолил да остане на таа позиција додека не биде усвоен буџетот, за да се спречи на сила на 1 јануари да стапат вонредните финаниски прописи, соопшти Кабинетот на италијанскиот претседател.

Веднаш штом буџетот биде усвоен, премиерот би можел да поднесе оставка, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Ренци најави дека ќе поднесе оставка на премиерката функција по претрпениот пораз на вчерашниот референдум на кој Италијанците ги опфрлија неговите предложени промени на Уставот, чија цел беше јакнење на централната власт и радикална промена на Парламентот преку намалување и ограничување на моќта на Сенатот.

Аналитичарите предвидуваат три сценарија за блиската иднина на Италија.

Италијанскиот премиер на конференција за новинарите во Римизјави дека презема целосна одговорност за убедливиот пораз на референдумот.

По две ипол години на власт, Ренци имаше намера вечерва и официјално да ја предаде оставката на претседателот на Италија.

http://novatv.mk