Репрезентативците го одржаа првиот тренинг во „ЕРГО Арената“

0
489

Прв контакт со прекрасната „ЕРГО Арена“ за ракометарите на Ивица Обрван пред утрешниот старт на Олимписките квалификации. Започна претпоследниот тренинг, по кој „црвено-жолтите“ ќе имаат помалку дилеми пред мечот со Душебаев, Полска и 12.000 домашни навивачи. Но, на Полска не и се уплашивме ниту во Вараждин, ниту во Белград, а ни во Краков иако загубивме, демонстриравме дека Полска ни лежи. Насмевки, ветувања дека нема да има калкулации и порака до нацијата да верува во оваа репрезентација е првиот колективен збор на момците и стручниот шштаб од Гдањск.

ФОТО: Филип Вирановски – www.gol.mk