Репрезентативците ја започнаа „операцијата Албанија“

0
397

Нашата најдобра фудбалска репрезентација денес и официјално ги започнува подготовките за првиот натпревар од квалификациите за СП во Русија, мечот со Албанија во Скадар. Нашите репрезентативци точно напладне го имаа првиот собир, а попладне од 18 часот ќе го одржат и првиот тренинг.

Од сите оние кои беа на списокот на селекторот Ангеловски единствено Агим Ибраими нема да може да настапи на оваа средба поради повреда, а останатите ќе му бидат на располагање на селекторот Ангеловски. Според најавеното попладне ќе допатува капитенот Горан Пандев, додека вечерва ќе се приклучи голманот Столе Димитриевски.

Овие двајаца репрзентативци имаа синоќа обврски во своите клубови. Селекторот Ангеловски е задоволен од тоа што сите играчи се здрави и ќе може да се подготвуваат за оваа средба.