Репрезентативците пристигнаа во Гдањск

0
325

Македонската ракометна репрезентација нешто по 11 часот претпладне пристигна во градот Гдањск каде утре ќе го стартуваат предолимпискиот турнир. По мирниот лет тие пристигнаа во Гдањск каде што од утревечер до недела ќе се играат натпреварите од квалификациите за Олимписките игри во Рио. Македонија е во речиси истиот состав од последното ЕП, но главните ракометари се во многу подобра форма. Митрески, Костески и Талески се новајлии во споредба со ЕП во Полска. Првиот меч се игра утревечер од 20:00 часот, а противник е Полска. Потоа во сабота следува дуелот против Тунис од 18:30 часот, додека во недела од 18:00 часот е мечот против селекцијата на Чиле.

ФОТО: Филип Вирановски – www.gol.mk