Републиканските лидери не го поддржуваат Трамп

0
360

Спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Пол Рајан, како и други лидери на Републиканската партија одбија да ја поддржат кандидатурата на Доналд Трамп за претседателската трка. Рајан кој ја држи најмоќната позиција во Конгресот за телевизијата Си Ен Ен изјави: „Не сум подготвен во моментов да го сторам тоа. Она што ни треба е унифицирање на нашата партија. Во спротивно нема да победиме на овие избори“.