Ресен и Преспа под снег

0
595
Снежната покривка на одредени делови во Преспа достигнува и до 10 см и предизвикува одредени проблеми со нормалното одвивање на сообраќајот посебно на планинските превои Ѓавато и Буково каде е отежнато одвивањето на сообраќајот за тешките товарни возила но засега иако снежните врнежи продолжуваат нема застој на сообраќајот.
Екипите на Македонија Пат  на територијата на Општина Ресен со четири возила редовно ги чистат магистралните и регионалните патишта кои минуваат низ Општина Ресен, а механизацијата на Општина Ресен е целосно вклучена во расчистување на градските улици и локални патишта се со цел граѓаните да можат непречено да ги извршуваат своите секојдневни обврски и активности.
Веќе неколку часови зимската служба на Општина Ресен  е на терен и се врши отстранување на снежната покривка  по приоритет на градските улици и локални патишта а во исто време се врши и посолување и попесочување на градските улици и локалните патишта. Засега не е евидентиран проблем со водоснабдувањето и со напојувањето со електрична енергија, но будно ќе ја следиме состојбата и по потреба ќе интервенираме се додека има снежни врнежи кои може да преставуваат проблем за нормалното одвивање на секојдневниот живот.“ – изјави Градоначалникот на Општиона Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.