Ресенско Рено се превртело на патот Велес-Скопје

0
1252

Рено со ресенски регистарски ознаки попладнево околу 16:15 часот се превртело од засега непознати причини на автопатот Велес-Скопје, кај клучката за Штип, пишува Курир.

Од МВР информираат дека во возилото било само едно лице.

Возачот со повреди е пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош.

Без коментари