Ретро перспектива, пренесе порака за љубов и хуманост

0
566

Во Центарот за култура, се одржа промоцијата на првиот музички албум на Стефанија Милевска со наслов Ретро перспектива.

Нејзиниот албум е симбол за 11 годишниот период како соло изведувач, составен од 11 песни, сите досегашни нејзини авторски песни, 4 препеани детско-тинејџерски песни со нов аранжман и нови песни од различни соработки (Dj Ace Mice, Dj Boza, Дарко Пандовски).

Стефанија е препознатлива на музичката сцена со концертите низ цела Македонија со својот бенд- BLUESIS, изведувајќи поп / рок / блуз / џез стил на музика.

Освен тоа тука се и проектите- мјузиклот “Music all”, перформансите “Fly Project I и II” , ” Вечерна романса” , “Со љубовта шегување нема” .

Самата промоција пренесе силна мисла а имаше за цел да потсети на вистинските вредности, на хуманост, љубов и среќа.

Сето ова беше пренесено на повеќе начини: преку говорот на телото , преку гестикулација или превод на знаковен јазик и преку новите видео записи.

Танчерите кои ја придружуваа Стефанија, беа Dance Studio Vibe – Скопје и студиоото за модерен балет “Анастасија”. Специјални гости беа децата со оштетен слух и говор од Заводот за рехабилитација – Битола.

Промоцијата на албумот во Битола бешее почеток на турнејата низ Македонија.