Ретроспективна изложба на делата на Марјан Малбашиќ

0
691

Марјан Малбашиќ остави длабока трага во живеењето на Битола, во културниот живот на градот – вака за него зборуваат пријателите, ликовните критичари, соработниците.
Во негова чест беше презентирана ретроспективната изложба во битолскиот завод и музеј на која говореше Владо Ѓорески.
Во својот краток живот, Малбашиќ успеа да направи исклучителен број на дела.
Тој покажа како треба да се живее животот, да се остават траги позади себе пред се чесни и искрени.

Преку неговите дела тој не потсетува дека треба да ја носиме насмевката на лице постојано, да не ги забораваме пријателствата, да ја бараме и да се стремиме кон вистинската креација во животот.
Изложбата ќе биде поставена до 10 ти октомври во Битолскиот завод и музеј.

Без коментари