Ретроспективна изложба на постери во пицерија Де Ниро

0
398

Во ресторан, пицерија Де Ниро, беше презентирана изложбата на постери на We pretend home parties, во соработка со ликовната колонија Де Ниро.
Ова здружение веќе повеќе години организира многубројни музички настани, гостувања на домашни и странски реномирани диџеи.
Постерите се од настани кои се одржале во периодот од 2007- тата година до 2010- тата.
Во рамките на многубројните организирани настани на We pretend home parties, во ресторан и пивницата Де Ниро, меѓу кои промоции, перформанси, соработка со ликовната колонија Де Ниро, настани на Лајонс клубовите, е и оваа ретроспективна изложба.
Истата се одржа пред многубројните пријатели и соработници на ресторан Де Ниро и We pretend home parties, повеќе реномирани имиња од областа на уметностa, меѓу кои Драган Најденовски, Панде Петровски, Мирослав Масин и други.

Инаку приказната за Де Ниро, започна пред 21 година, во кој период се одржаа бројни културно- уметнички настани.
Последниот настан на We pretend home parties, е настапот на светски реномираниот диџеј Funk D’Void.