Ревијален концерт на детскиот фестивал Си-до

0
111

На плоштадот Магнолија се одржа ревијален концерт на детскиот фестивал Си -до, во рамките на битолско културно лето.Еден од најстарите детски фестивали во Македонија, се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола.Во 1991 година ова манифестација го добива денешното, многу популарно име Дете-фест „СИ-ДО” или скратено само СИ-ДО.Пред многубројните присутни на плоштадот, беа испеани најпознатите песнички.

Фестивалот традицонално се одржува во мај секоја година а
оваа, се одржа по 19 -ти пат, и на истиот учествуваа 13 учесници на Битола и гости од другите држави .
Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрадамеѓу кои Каролина Гочева, Димитар Андоновски и други.
Последните години , овој фестивал прераснува на едно повисоко ниво во интернационални рамки а тоа се докажува со многубројните награди и признанија што ги добива детскиот музички фестивал СиДо.
Неда Маретиќ