Ревитализација на нови 104 објекти во битолската чаршија

0
1583

Со цел заштита на културното наследство и негова промоција не само во рамки на Македонија туку и надвор од нашата граница, се започна со втората фаза од проектот за ревитализација на Старата битолска чаршија. Во оваа фаза ќе бидат опфатени 104 дуќани

-Годинава продолжуваме со втората фаза од проектот , ќе бидат ревитализирани 104 објекти, со цел заштита на културното наследство, изјави Зоран Алтипармаковски директор на Завод и Музеј Битола

Со ова се продолжува со соработката која трае повеќе хгодини а започна со потпишување на договор помеѓу амбасадата на Р.Франција во Скопје и министерството за култура на Македонија. Кога се зборува за Битола тоа е еден од најбогатите градови во однос на културно наследство кое што го поседува, истакна директорката на француската асоцијација на градови со културно наследство

-За нас оваа размена е многу значајна затоа што ние разменуваме искуства, наши знаења и вештини и за тоа како се работи на ревитализација на старите градски јадра. Во Битола влегуваме во втората фаза од проектот, првата етапа заврши со исклучително добри резултати, изјави Марилис Ортис, директор на Француската асоцијација на градови со културно наследство

Битолската чаршија поседува околу 600 до 700 објекти. По завршувањето на втората фаза, според договорот со францууските партнери ќе бидат офатени над 300 објекти, тоа значи некаде 50% од Старата чаршија ќе бидат ревитализирани.