Револуција фестивалот првенче на Кооператива Артикултура

0
442

Со наслов Битола сака рок енд рол, се одржа револуција фестивалот во Центарот за култура.
Фестивалот е првенче на новоформираната Кооператива Артикултура од Битола. Кооперативата е формирана од група од ентузијасти од различни возрасни групи (25-45 год).
На фестивалот настапија неколку музички групи SPANK од Битола, THE GOVERNMENT од Битола, APMADILO од Скопје, THE BLACK AND VICE SOCIAL CLUB од Скопје и VERKA од Делчево/Скопје, кои со своето присуство ја поддржуваат идејата на кооперативата.
Идејата на организаторите е преку
обезбедување на алтернативен простор кој ќе функционира како збиралиште на млади луѓе, слично на сегашните кафе барови и преку активностите на Кооперативата (изложби, поетски читања, дебати, концерти, проекции и работилници), да се креира културен центар кој на младите луѓе ќе им овозможи да изградат побогат културен светоглед, а воедно и да се овозможи промоција на оние кои веќе се занимаваат со некаква форма на уметничко изразување.