Режисерката Ристевска за прв пат како актер во Будење на пролетта

0
360

Будење на пролетта“, е насловот на најновата претстава во „Интимен театар“.Се работи за претстава по текст на Франк Ведекинд и документарни материјали на актерскиот и креативниот тим.Истата е во режија на Софија Ристевска а по драматургија на Билјана Крајчевска.

Се разработува етикетирањето на жената во општеството во кое живееме односно, колку многу и колку често се ставаат етикети врз жената.

Најголемо изненадување во оваа претстава е режисерката, која за првпат ќе се проба и како актерка и вели дека отсекогаш сакала да се стави во кожата на актерите.

Покрај, неа во новата претстава, играат и актерот Здравко Стојмиров и Стефанија Милевска, позната пејачка, танчерка и актерка.

Во финалето на претствата се појавува и 14 годишната Елена Ставревска.

Кореографијата е на Кире Миладиноски, стилист на фотосесија Андреј Папаз Ѓоргиевски.

Интимен театар постои повеќе години и во овој независен културен простор, се креира театарски свет заснован врз документарни материјали, најчесто создавани од учесниците во проектот.

Премиерата на претставата е на 28 ми декември од 20 часот а уште една изведба има на 30 ти декември од 21 часот.