Резултати од истрагата за падот на авионот на Малезија ерлајнс

0
291

Холандските истражувачи на авионски несреќи денеска ќе го објават својот конечен извештај за падот на авионот на Малезија ерлајнс МХ17 во источна Украина, кој најверојатно ќе ги влоши и онака напнатите односи меѓу Русија и Западот.

Наодите од 15 месечната истрага на Холандскиот одбор за безбедност треба денеска да бидат објавени на прес-конференција на која ќе говори и премиерот Марк Руте. Во извештајот ќе биде наведено како Боингот 777 падна на 17 јули 2014 година, но не и кој е одговорен. Првичните наоди на Одборот велат дека авионот бил погоден од „високо енергетски објекти надвор од авионот. 298 луѓе повеќето од Холандија загинаа при падот во летот меѓу Амстердам и Каула Лумпур. Несреќата се случи за време на жестоки борби меѓу украинските сили и про-руските бунтовници. Киев и Западот ги обвинуваат бунтовниците, но Москва и државен руски проиводител на оружје Алмаз-Антеј ги отфрлаат обвинувањата тврдејќи дека авионот најверојатно е срушен од проектилите БУК на Киев.

Без коментари

LEAVE A REPLY