Рим е добра основа да се излезе од кризата и да се направи иднина за ЕУ

0
246

Пред 60 години беше потпишан Римскиот договор. Тој беше основа за модерна Европска унија. По тој повод, во саботата во Рим  секој од евролидерите направи своја оценка за постигнатото и грешките.

“Се разбира, ние не направивме ништо добро, а некои работи останаа недовршени, но имаме добра основа.

Ние, на пример, не помисливме за заштита на надворешните граници, воведувајќи слобода на движењето. А кога создадовме единствена валута, не ја направивме способна да издржи кризи, сега сепак ние создаваме банкарска унија и механизми за стабилизација “, изјави за време на средбата во Рим, Ангела Меркел.

Германскиот канцелар ја коментираше и болната тема за излегувањето на Лондон од ЕУ, откако стана јасно дека се очекува Брекзитот да започне на 29 март.

Меркел изјави дека на Велика Британија нема да и бидат направени никакви отстапки кои би можеле да го уништат слободното движење на стоки, лица, услуги и капитал во рамките на единствениот европски пазар. “Некои работи не се за продажба”, рече таа.

Со планирањето на иднината на Унијата, евролидерите не го пропуштија и чувствителното прашање за повлекувањето на Велика Британија од Семејството на 27-те.

Неколку дена пред да активира член 50 за излез од Заедницата, Лондон не испрати свој претставник во Рим.

 

Францускиот претседател Франсоа Оланд увери дека ќе се вложат напори “разводот” со Велика Британија да биде пријателски, но предупреди дека тоа нема целосно да биде безболно. “Тереза Меј е онаа којз избра да не е тука и Британците се оние кои одлучија да појдат кон друг пат, но ние треба да одржуваме добри односи. Франција е силно поврзана со Велика Британија “, истакна тој.

Брисел пак истакнува дека би можело да се даде подобар тон на почетокот на преговорите, ако Тереза Меј беше решила да дојде во Рим за прославата на годишнината. “Срамно е тоа што таа не е тука”, изјави висок европски службеник, цитиран од британскиот “Експрес”

http://makfax.com.mk