Ристо Палигора со две нови публикации

0
441

Меѓународниот ден на заштитата на културното наследство, НУ. Завод и Музеј-Битола го одбележа со промоција на две изданија, книгите „Сенки на фениксот“-ѕидното сликарство во Долно Егри и „Црквата Св.Димитриј во Долно Чарлија“. Книгите ги промовираше професорот Сашо Цветковски, кој говореше за значењето на најновите изданија на НУ Завод и Музеј-Битола, како и за пристапот и третманот на конзерваторските активности од страна на таа национална установа.

Автор на двете книги е Ристо Палигора кој истакна дека станува збор за книги кои имаат заедничка нишка што ги поврзува, а тоа е мотото на годинешното одбележување на меѓународниот ден на заштитата на културното наследство кое гласи „Заштитата на културното наследство и донаторите“.

На промоцијата се истакна дека изминатите години, Министерството за култура вложи многу средства и се посвети на решавање на проблемот на валоризација на културното наследство и голем дел од таа валоризација е завршена.

Македонија е пребогата со црковни споменици, па денешниот пример треба да се следи насекаде.

Воедно овие проекти се и понатамошен мотив сите министерства, институции, здруженија и поединци, да се вклучат уште повеќе за зголемување на свеста за заштитата и конзервацијата на недвижното културно наследство.