Ристовски во посета на Ветеринарниот факултет

0
250

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во придружба ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, Сашо Коруновски, го посети Ветеринарниот факултет во кој е поставена лабораторија за генетика – проект на Владата на Република Македонија.

– Оваа лабораторија е значајна за Универзитетот „Св.Климент Охридски“, за градот Битола но и за цела држава бидејќи освен за научни цели, лабораторијата ќе биде во целосна функција и на стопанството во Македонија. Во оваа лабораторија ќе се вршат испитувања за потребите на стопанството во делот на генетски модифицираната храна и храна од животинско потекло, а ќе ја користат и државните институции, пред се Царината и Агенцијата за храна и ветеринарство кои во делот на увозот на храна во Македонија, претходно ќе го проверуваат квалитетот на увезената храна и од лабораторијата ќе добиваат квалитативна потврда за храната што ќе треба да се увезе. На овој начин лабораторијата ќе има комерцијален бенефит, а граѓаните ќе бидат сигурни за квалитетот на храната што се увезува во Македонија, истакна Ристовски.

Без коментари

LEAVE A REPLY