Родена во Србија, живее во Кавадарци, а ја уапсија во Битола

0
2982

„Баба од Битола в затвор“. Ова е информацијата која се појави на интернет порталите, а била осудена на затворска казна од една година заради гледање на кафе, а за што наплаќала.
За информацијата побаравме денеска детали од битолската полиција од каде велат дека пред два дена околу 10:30 минути полицијата од Битола по доставено барање од полицијата во Кавадарци, а по налог на судот заради издадената потерница, уапсила две лица за спроведување в затвор.
Се работи за 74 годишната Д.Р родена во Србија, а живее во Кавадарци која била осудена за делото измама и 43 годиното лице Џ.Р. кој живее во Кавадарци. Тој ден и двата биле во Битола од каде полицијата ги привела и ги сповела во затворот во Гевгелија.
Од полицијата не можеа да кажат дали од гевгелискиот затвор се пренесени во Скопје, но велат дека не се работи за битолчанка како што е наведно во некои информации.