Роденден на „Ајфон“

Роденден на „Ајфон“

0 414

Паметните телефони се насекаде околу нас, и тешко е да се поверува дека „Ајфон“ од „Епл“ беше промовиран на денешен ден пред 10 години.

На овој ден, ко-основачот на „Епл“, Стив Џобс, излезе на сцената на Macworld 2007 за да го престави, како што рече продуктот во кој има три функции „Ајпод со широк монитор кој се контролира со допир, револуционерен мобилен телефон и епохален уред за Интернет комуникација.“

Оттогаш наваму „Епл“ продаде повеќе од една милијарда „Ајфон“ телефони, менувајќи го начинот на кој комуницираме, се фотографираме, слушаме музика, гледаме видеа и одржуваме контакт со најблиските.

Во моментов на пазарот се продава паметниот телефон „Ајфон 7“ и поголема верзија „Ајфон 7 плус.“

Продажбата на паметните телефони беа голем фактор во правењето на „Епл“ на една од најбогатите компании во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.