Роденденската критична маса во Битола најбројна досега

0
205

Битола пред точно една година се приклучи кон градовите во кои се организира критичната маса .
Возење, дружба, запознавање на нови пријатели, собирање на критичната маса , анимирање на бројни битолчани од сите генерации, приближно 1.000 учесници на досегашните критични маси и над 2.500 фанови.
А роденденската критична маса најбројна досега.

За роденденскиот настан Битола на точак, беше подготвена богата програма која се заокружи со роденденска забава.

За атмосферата на журката се погрижија Бобо Фанк, Вера Умка,brass brothers, јас и ти, сир Гоце,Пеце Зајак како и Acid Triple.

Целта на овој настан е популаризација на велосипедот како урбано превозно средство.

Првото возење „Критична маса” , било во септември 1992 година во Сан Франциско.Од тогаш до денес низ повеќе градови се организира овој настан а во Македонија покрај Битола се организира и во Скопје.

Критична маса во Битола се одржува секој последен четврток во месецот. Вообичаеното почетно место е плоштадот Магнолија или фонтаната пред Завод и музеј а потоа се вози низ различни места од градот.

.