Роденденски хуманитарен настан за 10 години Лукас ММ

0
399

Под мотото -Слави 10, биди хуман, носи арт, викендов во Битола се одржа хуманитарен настан, a по повод 10 години постоење на Лукас ММ.во нашиот град.

Лукас е бренд кој повеќе од 20 години ги доближува познатите светски спортски брендови до своите купувачи, во нашата земја, преку свои ексклузивни продавници.

Пред 10 години се доаѓа на идеја и Лукас Прилеп и ММ shop Битола, да создадат заеднички бренд Лукас ММ.спорт, така што битолчани ги добиваат своите Лукас ММ.продавници во кои точно 10 години ги дистрибуира познатите спортски брендови по желба на своите клиенти.

Lukas MM и Лајонс Клуб Кабадаја во соработка со локални млади уметници креираа интересни и уникатни патики кои можеа да се купат по симболична цена.

Настанот беше отворен со настапот на танцовиот спортски клуб Степ ап од Битола.

Сите собрани парични средства ќе одат во хуманитарни цели .

 

Без коментари

LEAVE A REPLY