Роџевски во Њујорк ќе го промовира својот деби албум „ Батанија“

0
1662

На 7 септември во Њујорк, вокалистот и гитарист Крсте Роџевски ќе го промовира својот деби албум, „Батанија“ кој излезе на 1 септември. Неговиот албум е оценет како албум кој изобилува со копнеж, ритуал, загуба и движење на вина и естетика помеѓу генерациите. Крсте пее на македонски јазик, а композициите се изведени заедно со едни од највозбудливите музичари на њујоршкиот џез и импровизираната музичка сцена. Меланхоличен, но разигран. Архаичен, но сепак невин. „Батанија“ е слаба меморија на работ на свеста, наговестување на раката на оној кој ткае тешко, волнено ќебе. Мелодиите не носат кон радиото-транзистор на непознатиот сосед, забавно и познато. Вака е најавен албумот на Крсте Роџевски. Тој ќе настапи заедно со Мери Халворсон, електрична гитара, Мајкл Бланко, контрабас и Томас Фуџивара на тапани.