Роднина на напаѓач врз Charlie Hebdo под истрага за исламизам

0
165

Против роднина на еден од џихадистите кои го нападнаа францускиот сатиричен весник Charlie Hebdo во јануари 2015 година отворена е официјална истрага поради исламистички врски и ќе остане во притвор, соопштија правосудни извори во саботата.

Изворот на агенцијата Reuters рекол дека 20-годишниот Мурад Хамид е осомничен поради обид да отпатува во Сирија за да ѝ се приклучи на џихадистичката организација Исламска држава.

Хамид, кој е Французин според државјанството и роднина преку сопругата на напаѓачот Шериф Куаши, е притворен во јули во Бугарија, откако судот во Париз издаде европски налог за негово апсење.

Француската полиција го испитала Хамид по нападот во редакцијата на Charlie Hebdo во кој браќата Куаши убија 12 луѓе пред да бидат убиени во престрелка со полицијата, но не била утврдена негова вмешаност во нападот./крај/мф/сн