Родригез ја одведе Колумбија во четвртфиналето на Копа Америка

0
378

Фудбалерите на Колумбија ја забележаа втората победа во А групата на Копа Америка, додека домаќинот САД стигна до првата победа. Колумбија славеше над Парагвај 2-1, а Американците ја совладаа Костарика 4-0.

Колумбија е првата селекција која обезбеди пласман во нокаут фазата на Копа Америка. Колумбијците по стартниот триумф над САД, во второто коло го совладаа Парагвај со 2-1.

Хамес Родригез во 12.минута му асистираше на Карлос Бака за 1-0, а потоа играчот на Реал ја дуплираше предноста на својата репрезентација.

Парагвај успеа да намали во 71.минута преку Виктор Ајала, а потоа во последните десет минути не успеа да ја искористи предноста од играч повеќе, откако поради два жолти картони беше исклучен Колумбиецот Оскар Ромеро.

САД за половина час го реши прашањето на победникот против Костарика. Боби Вуд постигна гол од пенал во деветтата минута. По половина час игра Џејмс Џонс зголеми на 2-0, а пет минути подоцна Вуд со својот втор гол погоди за 3-0. Конечниот резултат на три минути до крајот на мечот го постави Грејем Зуси.

САД со оваа победа се доближи до нокаут фазата, бидејќи во последното коло ќе треба да освои еден бод против Парагвај.