Рок “Авантура” на Sound messengers и Паркети

0
237

Дуото Sound messengers, работи во полна пареа ова лето, како на нови песни, спотови и подготовки на нивниот прв албум, така и со настапите насекаде низ државава .

Симона периодов промовираше две нови песни а од неодамна Sound messengers, ja промовираа и соработката со битолската рок група Паркети преку заедничкиот спот Авантура.

Со своите фанови Sound messengers,се дружеа во ноќниот клуб База.

Комплетен автор на песната со Паркети е Дј-от и продуцент Ерик Фокс, додека текстот го напишаа сите Паркети заедно.

Песната е во алтернативен рок и е во својствен стил за бендот.

Главната улога во видео записот ја има Ана Трајчевска, водителка од Битола а се снимаше на најпознатата улица во Македонија – Широк сокак.