Рок симфонија под ведро небо во Битола

0
2422

Битолскиот камерен оркестар го одржа првиот концерт во Битола, како почеток на летната турнеја низ Македонија. Оркестарот кој работи под покровителство на НУ. Центар за култура-Битола, во текот на јули ќе одржи концерти под наслов „Рок симфонија“ и покрај Битола, ќе настапи и во Штип, Кавадарци и во Скопје.

Во Битола на ракометното игралиште концертот го проследи неколку илјадна публика, а ни дождот не беше пречка публиката и вљубениците на добриот музички звук, да присуствуваат на концертот.
Камерниот оркестар на Битола, првата македонска летна турнеја и концертот „Рок симфонија“ ќе го реализира со 25 членови на оркестарот и солистите Михајло Трајковски, Жарко Јакимоски и Петар Христов, како и Бутелион класик хорус.
Во Скопје камерниот оркестар кој постои 4 години, ќе биде дел од затварањето на фестивалот Скопско лето.