Рок симфонија за 35 години Центар за култура

0
217

Со концертот на камерниот оркестар, Рок симфонија, Центарот за култура го одбележа јубилејот од 35 години постоење.

Како што посочи Борче Димитровски, директорот на Центарот за култура-Битола, со поддршка на Mинистерството за култура ги организираат фестивалите на монодрама, Илинденски Денови и сега претстоечкиот фестивал на музика од светот, а како коорганизатор се појавуваат и на други важни настани.

По возобновувањето, камерниот оркестар на Битола, за оваа година имаат планирано четири концерти, меѓу кои и концертот со кој се одбележа 35 годишнината на Центарот за култура.

На истиот, најпознатите рок хитови на сцена ги исполнија, Михајло Трајковски, Здравка Мирчевска, ЖаркоЈакимоски од The backdoor band,Петар Христов , Бутелион класик хорус.

Оваа јубилејна година, Центарот за култура го возобнови и дувачкиот оркестар со што се врати уште една музичка традиција на Битола.

Тука се и концертите на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски, Исмаил Лумановски, фестивалот на авторска музика „Битолски земјотрес“, концертот на Гоце Стефковски, промоцијата на новиот албум на групата Фолтини многу други.

До крајот на годината се очекува и 100.000-от гледач во 3Д киното.

На 5 -ти и 6 -ти ноември, не очекува уште едно издание на Фестивалот на музика од светот, кој по повод јубилејот на Центарот за култура, ќе го одбележи една светска музичка звезда.

До крајот на годината, Димитровски најави уште неколку врвни настани, гостување на висококвалитетни групи, оркестри и ансамбли од државата и странство.