Рокенролот е религија – Сејо Сексон од Забрањено пушење за Тера телевиизја

0
688

Голем музички настан се одржа во Битола, под отворено небо, на Широк сокак на годинашниот Битола отворен град, манифестација која по 16 пат ја организираше Младинскиот културен центар од Битола. Култните “Забрањено пушење” и македонските реге предводници “Conquering Lion” направија одлична забава на битолски Широк сокак.

Сејо Сeксон, фронтменот на “Забрањено пушење” ја размрда публиката на Широк сокак и понуди одлична и енергична забава. Бендот се претстави со колекција на нивните најголеми хитови што беше пречекано со одушевување од публиката.

  • Сејо истакна дека публиката во Битола има изострен и едуциран вкус која го препознава квалитетот или неквалитетот на сцена, а Македонија има развиена и квалитетна музичка сцена. Токму ова поставува високи стандарди и за оние кои доаѓаат да настапат во Македонија и додаде – Рокенролот е религија, начин на живот. Поинаков систем на вредности, систем кој го надминува материјалното. Затоа рокенрол бендовите се доста отпорни и долготрајни.