Рокот помина, нема договор за ДИК

0
294

Според договорот од Пржино, до 30 септември партиите требаше да ги договорат надлежностите на Државната изборна комисија за изборниот процес, но денеска на последниот ден од рокот, тоа не се случи. Се уште не е затворено ниту едно прашање за ингеренциите на ДИК.

Единствената точка за која се согласија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: активна регистрација на гласачите, сега се проблематизира од страна на ДУИ. Таа смета дека за регистрација нема време и на тој начин ќе се успори избирниот процес.

СДСМ предлага ново тело да одлучува за жалбите кои ќе бидат поднесени за изборите, а ВМРО-ДПМНЕ сака за нив да продолжи да одлучува Управниот суд. Опозицијата бара да има една изборна единица, со што би се решил и проблемот со поголемата вредност која сега ја имаат гласовите од дијаспората. Владејачката партија пак, бара дијаспората да добие 20 пратеници во Собранието и враќање на мнозинскиот систем.

ДУИ пак, постави барање една од трите државни функции: премиер, претседател или спикер на Парламентот да биде загарантирана за Албанците, а во ДИК да се гласа со Бадинтер, објави Фокус.

Без коментари

LEAVE A REPLY