Рокот пробиен, нема договор околу изборниот закон

0
490

Не е постигнат договор околу изборниот закон иако ноќеска на полноќ истече рокот  за исполнување на овој дел од договорот од Пржино.

Место да се разговара за тоа, партиските тимови најголем дел од преговорите посветиле во убедување на владеачката коалиција да го повлече предлог законот за т.н. бомби.

Неофицијално, сепак по подолги натегања договорот паднал. Предлагачите Талат Џафери од ДУИ и Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ да го повлечат спорниот закон, брифираат од преговарачките тимови.

Странците предложиле избирачкиот список да се преверува теренски, а најпрво да се почне од спорните точки, паралелно да има и вкрстување на податоците од институциите, гласањето на дијаспората да се укине, а медиумите да не можат да бидат донатор

Без коментари

LEAVE A REPLY