Рокот за медиумите пролонгиран за една недела

0
381

Иако меѓу партиите постоеше договор реформите во областа на медиуми што произлегуваат од Договорот во Пржино да се договорат до денеска, сепак, според неофицијалните информации, тој рок е пролонгиран за една недела.

Откако се видело дека партиите не може да ги усогласат ставовите по ниту една точка, а ВМРО-ДПМНЕ дури на денешната средба на работната група треба да даде свои предлози, белгискиот посредник во процесот Питер ван Хауте рекол дека најдоцна до петок наредната недела треба да бидат изгласани измените на Законот за аудио и аудио-визуелни медиуми и Законот за медиуми.

Вчера на работна група се разговарало за реформите во МРТ, промена на начинот на избор на директорот, како и промена на начинот на финансирање.

Главен предлог на маса, според извори во преговорите, е  МРТ да се финансира од буџетот, а да се укине радиодифузната такса, но и да се најде начин за  дополнителни приходи. СДСМ предложила директорот на МРТ да го избира Собранието на Република Македонија на предлог на опозицијата. Ова било прифатливо за ДПА, а денеска се очекува претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да кажат што е прифатливо за нив.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY