Ролан Гарос: Можен дуел Ѓоковиќ-Надал во четврт финалето

0
183

Дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е едно од проектираните четвртфиналиња на вториот грен слем во сезоната, Ролан Гарос кој започнува в недела.

Првиот носител, Ѓоковиќ турнирот ќе го започне против финскиот ветеран Јарко Ниеминен, додека бранителот на титулата Надал на стартот за противник ќе го има 304-от тенисер на АТП листата Квентин Халис од Франција.

До евентуалниот дуел со Надал во четвртфиналето, Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против победникот од мечот помеѓу Жил Милер и Паоло Лоренци, а во третата рунда проектирани противници се Бернард Томиќ и Кевин Андерсон.

Противник на Надал во втората рунда може да биде Александар Долгополов, а во третото коло можен е дуелот со домашниот тенисер Адријан Манарино. Потенцијален ривал на Надал во осминафиналето е Григор Димитров.

Вториот носител на турнирот Роџер Федерер во првото коло за противник ќе има квалификант, потоа веројатно го чека дуел со Марсел Гранољес, во третата рунда проектиран противник му е Иво Карловиќ, а во осмина финалето веројатно ќе се соочи со Гаел Монфилс, а во четврт финалето е можен дуел со сонародникот Стен Вавринка.

Енди Мари кој на Ролан Гарос е трет носител и кој сезонава ги освои првите две титули во кариерата на земјана подлога, како и Федерер турнирот ќе го започне против квалификант, а потоа го очекуваат Поспишил или Соуса, а на патото до четвртфиналето и проектираниот дуел со Давид Ферер противници ќе му бидата Ник Кирјос и Џон Изнер.

Проектирани четврт финални двојки на Рплан Гарос:

(1) Новак Ѓоковиќ- (6) Рафаел Надал

(3) Енди Мари – (7) Давид Ферер

(5) Кеи Нишикори – (4) Томаш Бердих

(2) Роџер Федерер – (8) Стен Вавринка.