Рома мора да плати 25 милиони евра ако го сака Салах

0
390

Челзи поставило цена во износ од 25 милиони евра за фудбалерот Мохамед Салах. Интернационалецот е посакуван од Рома откако двата клуба веќе водат преговори за евентуален негов трансфер во насока на “Олимпико”. Лондончани се изјасниле дека се подготвени да се разделат со Египќанецот, но сакаат да добијат 20 милиони евра веднаш и уште 5 да бидат заложени како бонуси во зависност од презентацијата на играчот. Во последните денови се појавија информации дека во дел од договорот може да биде вклучен и младиот дефанзивец, Ромањоли. На крајот, Жозе Мурињо се откажал од неговите услуги и изјавил дека сака да ја добие целата сума за Салах. Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини, во моментов е во Лондон за да преговара со шефовите на Челзи.