Роман на Томислав Османли на арапски јазик

0
415

Писателот Томислав Османли потпиша договор со египетската изравачка куќа „Ал Араби“ за објава на наградуваниот роман на арапски јазик.

По повеќекратните објави, меѓу кои најновата на руски јазик, како и интернационалното издание на романот „Дваесет и првиот“ на англиски јазик на годинашниот солунски Саем на книгата, овој роман во ново издание.

Угледното книгоиздателството „Ал Араби“ од Каиро, претставувано од неговиот директор Шериф Бакр, потпиша договор со нашиот автор за публикување на неговиот награден роман „Дваесет и првиот“ на арапски јазик. Романот, во првичен тираж од 1.000 примероци, би требало да се појави од печат најдоцна до средината на 2017 година.

Инаку, романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, кој неодамна се појави во превод и на руски јазик, е добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ во 2010 година, како и македонски кандидат за „Балканика“ истата година. Романот беше објавен во Хрватска (издание на „Сандорф“ од Загреб, 2012), во Црна Гора (ОКФ, Цетиње, 2014) и во Белград (книгоиздателство „Дерета“, 2014), и деновиве беше објавен и на руски јазик (во издание на „Рудомино“ од Москва, 2015).

Авторот Томислав Османли веќе има потпишан договор и со книгоиздавателството „Персеи“ од Софија, за превод и објавување на неговиот роман и на бугарски јазик.