Романија и Албанија стравуваат од масовен прилив на мигранти

0
363

Властите во Романија ќе усвојат итни мерки за да се подготват за можен масовен прилив на бегалци.
Романија, која е членка на ЕУ, но не и на Шенген зоната, до сега не се наоѓаше на балканската рута на мигрантите кои патуваат кон западноевропските земји.

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави во вторник дека неговата земја нема да бара помош од другите членки на ЕУ во решавањето на евентуалната мигрантска криза во таа земја.

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири во вторник побара помош од италијанските власти во случај на прилив на голем број мигранти. /крај/он/ст

Без коментари

LEAVE A REPLY