Романија и Бугарија зафатени од снежно невреме

0
399

Главните романски пристаништа во Црно море, вклучувајќи ја и Констанца, во понеделник и натаму се затворени заради силниот ветер, откако за време на викендот земјата беше погодена со силно снежно невреме.

Стотина села во Романија се без електрична енергија, а слично е и во соседна Бугарија. Делови од автопатот што го поврзува Букурешт со Костанца се затворени за сообраќај, како и десетици национални патишта. Возовите се или откажани или сообраќаат со големи доцнења.

Во Букурешт се затворени сите училишта, а настава нема во седум окрузи на југоистокот на Романија и во повеќето село во девет останати окрузи. Метеоролозите најавија слабеење на врнежите, но и голем пад на температурите.

На југот на земјата наврна поројни дождови заради што неколку села се поплавени. Засега нема информации за евентуални жртви од невремето. /крај/ин/ст