Романтичари во светот на пластиката-Грилпарцер во секс шоп

0
373

Во Битолскиот театар се одржа премиера на претставата Грилпарцер во секс шоп, по текст на Турини, современ австриски автор.

Улогите ги толкуваат Елена Моше, една од најдобрите современи актерки на македоснкиот театар и Александар Копања новитет во македонските актерски кругови, препознатлив по неговиот специфичен актерски израз.

И двата актери се наградувани со државни и интернационални признанија за својата работа.

-Хуморот на Моше во комбинација со хуморот на Копања би го опишал како електро шок во кој секој би сакал да ужива во таа енергија-вели режисерот Јован Ристовски.

Современата комедија отвара прашања за романтиката, искреноста и се потенцираат прашањата – Дали човекот ги заборавил етичките, религиските и моралните принципи и вредности, Дали романтиката е излезена од мода, Постои ли дискриминација и многу други.

Романтичари во светот на пластиката-вештачкото-Грилпарцер во секс шоп, ја истакнува идејата дека кај луѓето покрај сета убава слика, се кријат различни неочекувани и шокантни виситни кои ја испревртуваат сликата за општото добро.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, костимограф Благој Мицевски, сценограф Валентин Светозарев.